Иран: Хакери го нападнаа раководството на нуклеарната централа и побараа ослободување на политичките затвореници

од Берта Китинска
166 прегледи

Иранската агенција за атомска енергија денеска објави дека хакери кои дејствувале во име на неидентификувана странска земја упаднале во мрежата на компанијата што управува со нуклеарната централа и пристапиле до нејзиниот е-мејл систем.

Анонимна хакерска група која себеси се нарекува Black Reward ја презеде одговорноста за хакерскиот напад и бара Техеран да ги ослободи политичките затвореници уапсени за време на протестите низ целата земја.

Хакерска група соопшти дека има 50 гигабајти внатрешни мејлови, договори и градежни планови поврзани со иранската нуклеарна централа Бушер, поддржана од Русија.

Хакерскиот напад доаѓа во време кога Иран се соочува со немири ширум земјата предизвикани од смртта на Махса Амини, која беше приведен на 16 септември поради наводно непочитување на строгиот исламски кодекс на облекување.

Иранската агенција за нуклеарна енергија соопшти дека хакери упаднале во системот за е-пошта што го користи компанијата, која управува со единствената нуклеарна централа во земјата во јужниот пристанишен град Бушер.

Агенцијата обвини „странска земја“ за нападот, без дополнително објаснување. Иран ги обвини САД и Израел за претходни сајбер напади.

Овие незаконски напори се направени од очај за да се привлече вниманието на јавноста“, велат од Агенцијата.

Анонимната хакерска група Black Reward објави нешто што изгледа како слика на договори, планови и опрема во фабриката во Бушер.

Слични содржини