Иран им се закани на земјите од ЕУ

Портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи, Есмаил Багаеи, за шпанската телевизија ТВЕ изјави дека земјите од ЕУ „ќе ја платат цената порано или подоцна“ ако молчат за нападите на САД и Израел врз Иран.

од Vladimir Zorba
12 прегледи Фото: Јутјуб/Принтскрин/ ILTV Israel News

Иран им се закани на земјите-членки на Европската Унија поради нивниот став во врска со нападите на САД и Израел врз Иран.

Портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи, Есмаил Багаеи, за шпанската телевизија ТВЕ изјави дека земјите од ЕУ „ќе ја платат цената порано или подоцна“ ако молчат за нападите на САД и Израел врз Иран.

Тој не даде дополнителни детали за заканата.

Багаеи, исто така, ги повтори претходните ирански тврдења дека балистичката ракета соборена од воздушната одбрана на НАТО додека летала во турскиот воздушен простор не била лансирана од Иран.