
Ако Иран сака да ја покаже својата искреност во придонесот на глобалната војна против тероризмот, тогаш треба да ги предаде лидерите на Ал Каеда, кои најадоа засолниште на негова територија
Независне новине – Бања Лука
Роналд Реган во една прилика го цитираше Џон Адамс, кој рече: „Фактите се тврдоглава работа”. Токму затоа кога Џавад Зафир, иранскиот министер за надворешни работи, изјави дека се борат против екстремизмот, фактите беа тие кои покажаа колку тоа во најмала рака беше иронично и само нешто повеќе од неискрена пропаганда.
Факт е дека Иран е водечки спонзор на тероризмот, со владините функционери кои директно се одговорни за многу терористички напади уште од 1979 година. Овие напади ги опфаќаат самоубиствените напади врз американската амбасада во Бејрут и касарната на бејрутскиот аеродром, бомбашкиот напад на Кобар кулата во Саудиска Арабија во 1996 година, нападите на повеќе десетици амбасади во Иран, вклучувајќи ја британската, американската и Амбасадата на Саудиска Арабија, убиства на дипломати ширум светот. Ова се само некои од примерите.
Исто така, никој не може да го негира фактот дека Иран го користи тероризмот за да напредува во својата агресивна политика. Иран не може да зборува за борба против екстремизмот се додека неговите лидери, заедно со силите Кудс и Револуционерната гарда продолжуваат да ги финансираат, обучуваат, вооружуваат и поддржуваат терористичките напади.
Ако Иран сака да ја покаже својата искреност во придонесот на глобалната војна против тероризмот, тогаш треба да ги предаде лидерите на Ал Каеда, кои најадоа засолниште на негова територија. Меѓу нив се Сад, синот на Осама бин Ладен, Саиф ал Адел, заедно со многу други оперативци, кои се виновни за нападите против Саудиска Арабија, САД, но и други држави. Фактот дека Саиф ал Адел беше тој кој на поттик од Иран, во мај 2013 година, нареди бомбашки напади во Ријад, кои однесоа над 30 животи, вклучувајќи осум Американци. Па сепак, тој се уште ужива иранска заштита.
Иран исто така би можел да престане со финансирање на терористичките организации, вклучувајќи ја Хезболах, чиј генерален секретар потврди дека неговата организација е 100 отсто финансирана од Иран. Иран може да престане со производство и дистрибуција на импровизирани минско-експлозивни средства кои убија и повредија илјадници американски војници во Ирак и Авганистан. И исто така, Иран може да го запре вооружувањето на терористите и верските полиции во регионот кои сакаат легитимните влади во своите земји да ги заменат со ирански марионети.
Во Сирија се убиени 500.000 лица од страна на режимот на Башар ал Асад и иранска рака, бидејќи Иран прати сили и регуларни и нерегуларни, да му дадат поддршка на сирискиот режим. Иранските лидери јавно изјавија дека, ако не се нивните настојувања, Асад до сега ќе ја изгубеше власта.
Иранските политичари повремено и зажалуваат поради верските судири и насилства. Меѓутоа и тука повторно фактите се многу тврдоглави. Регионот и остатокот од светот беа во мир се до 1979 година, кога ајатолахот Хоемини покрена своја Исламска револуција, чиј основен слоган беше „Смрт на Америка!”. Нивните верски водачи ја заземаа власта и ветија дека ќе ја прошират својата идеологија преку верски судир, а тоа стои и во нивниот Устав.
За да ја прошири својата револуција, Иран воспостави т.н. културни центри на Револуционерната гарда во многу земји, вклучувајќи ги Судан, Нигерија, Сирија, Либан, Јемен и Коморските Острови. Целта беше да ја прошири својата идеологија со пропаганда на насилство. Иран отиде толку далеку што пропагираше дека шиитските муслимани кои живеат надвор од Иран му припаѓаат на Иран, а не на земјите чии државјани се. Тоа е неприфатливо мешање во внатрешните прашања на другите земји и сите земји тоа треба да го отфрлат.
Токму таа идеологија на „хомеинизам” водена од апетитот за ширење, го зајакна екстремизмот. Само со ослобудавање на светот од токсичниот и радикален ментален склоп може да се победи тероризмот и да се врати мирот во регионот. Ако Иран е сериозен во борбата против екстремизмот, тогаш треба да се воздржи од политика и акции кои го воздигнуваат екстремизмот.
Откако го потпишаа нуклеарниот договор со САД минатата година, иранските лидери почнаа да посочуваат со прст во другите, припишувајќи им ја нив вината за сите регионални проблеми, кои и самите ги создадоа. Меѓутоа, пред некој да наседне на оваа реторика, треба да се разгледаат неколку работи. Која е земјата што издаде фатва за убиство на Салман Ружди, која и денес е во сила? (Иран). Која е земјата која нападна десетици амбасади на своја територија кршејќи ги сите можни меѓународни закони? (Иран). Која земја го раководеше, планираше и го изврши нападот на Кобар кулата против американските маринци во 1996 година? (Иран). Дали овие одговори ви даваат слика на една земја која е сериозна во врска со борбата против тероризмот и екстремизмот?
Останатиот исламски свет едноставно го осуди иранското однесување. Во Истанбул, во април, Организацијата на исламската соработка, формално ја отфрли и осуди иранската политика на секташко насилство, мешање во внатрешните прашања на другите земји, како и нивната политика на поддршка на тероризмот.
Саудиска Арабија е лидер во борбата против тероризмот. Мојата земја го обедини светот на меѓународната конференција во 2005 година во борбата против тероризмот. Кралството Саудиска Арабија даде 100 милиони долари за да основа глобален центар за борба против тероризмот во Обединетите нации, како и да основа 40 члена Исламска воена коалиција, со цел за борба против тероризмот и екстремизмот. Саудиска Арабија воедно е и членка на Глобалната коалиција за борба против ИСИС, која ја предводи САД и сме составен дел на воените операции на оваа коалиција.
Кралството откри неколку напади чија цел беа САД и неговите лидери, кои требаа да бидат цел на самоубиствени терористички напади. Ние сме чисти, што и го докажавме на нашите сојузници и на меѓународната заедница.
Иранското минато подразбира смрт и деструкција, што е и докажано во Сирија и во делови на Ирак. Зборовите тоа не можат да го променат; само конкретни акции.
Позицијата на Саудиска Арабија кон Иран остана непроменета. Кралството сака да прифати подобри односи со Иран, кои ќе се темелат на принципи на добрососедство и немешање во внатрешните работи. Тоа значи дека Иран мора да ги напушти своите непријателски активности и да престане со поддршката на тероризмот. До сега, иранскиот став не беше охрабрувачки.
Автор: Адил ел Џубејр, министер за надворешни работи на Саудиска Арабија