Иран осуди на смрт двајца мажи кои беа вмешани во нападот на светото место на шиитскиот ислам Шах Черах во јужниот ирански град Шираз во октомври минатата година, при што загинаа 15 лица.
Двајца осудени на смрт за време на судењето признале дека биле во контакт со Исламската држава во соседен Авганистан и помогнале во организирањето на нападот во Шах Черах, објавија денес иранските медиуми.
Шефот на судството на иранската провинција Фарс, Казем Мустави, рече дека покрај двајцата мажи осудени на смрт, уште тројца мажи вклучени во нападот се осудени на затворски казни од пет до 25 години, пренесе иранската државна агенција ИРНА.