161
Иран денеска соопшти дека е подготвен да размени затвореници со Соединетите држави и ја повика администрацијата во Вашингтон „да дејствува наместо да изведува сценски претстави“, пренесува „Ројтерс“.
Техеран побара ослободување на повеќе од десет Иранци во САД, меѓу кои седум иранско-американски двојни државјани, двајца ирански постојани жители во САД и четворица ирански државјани без правен статус во САД, наведува британската агенција.
„Подготвени сме да размениме затвореници со Вашингтон. САД мора да ги ослободат затворените ирански граѓани без никакви услови“, изјави портпаролот на министерството за надворешни работи, Насер Канани.