240
Иран одлучно ќе одговори на секој напад на негова територија, интереси или граѓани надвор од неговите граници, предупреди иранскиот претставник во Обединетите нации, Амир Саед Иравани.
Предупредувањето од иранскиот претставник во ОН, како што јави „Ројтерс“, доаѓа еден ден откако претседателот на Соединетите Американски Држави објави дека донел одлука како Вашингтон ќе одговори на нападот со дронови на ирачките групи поврзани со Иран на американска воена база долж границата меѓу Сирија и Јордан.
Во тој напад загинаа тројца американски војници.