152
Портпаролот на иранското министерство за надворешни работи, Насер Канани, денеска ги обвини САД дека ги одложуваат индиректните преговори за заживување на нуклеарниот договор од 2015 година и посочи дека размената на затвореници со Вашингтон не е поврзана со преговорите за нуклеарниот договор.
Канани истакна дека треба да се решат неколку прашања и дека овие прашања се многу важни, пренесе „Ројтерс“.
Техеран рече дека сака одржлив договор кој ги зачувува легитимните права на Иран.