Иран: Уапсени 35 лица во врска со нападите во Керман

од Stefanija Kuzmanovska

Иранските власти уапсија 35 лица во врска со нападите на 3 јануари во југоисточниот град Керман.

Иранското министерство за разузнавање соопшти дека идентификувало еден од двајцата бомбаши самоубијци како државјанин на Таџикистан, кој илегално влегол во Иран на 19 декември, пренесува „Ројтерс“.

Во соопштението се наведува дека повеќе информации за вториот бомбаш самоубиец ќе бидат објавени подоцна.

На 4 јануари милитантната организација Исламска држава ја презеде одговорноста за нападот, во кој загинаа речиси 100 луѓе, а 284 беа ранети.

Нападот беше извршен на гробиштата, додека беше во тек годишнината од атентатот на командантот на единицата Кудс на иранската Револуционерна гарда, Касем Сулејмани.

Слични содржини