Иран влезе во Сирија- стотици војници веќе пристигнале

од desk3
98 прегледи

Стотици ирански војници пристигнаа во Сирија за да се приклучат на голема операција во поддршка на режимот на претседателот Башар Асад, објави Reuters, повикувајќи се на либански извори.

a93b6a80086332beb3703a6920dec69b

Според нивни податоци иранските војници ќе бидат поддржани, исто од либанските сојузници на Асад, групата “Хезболах”, како и од борци од ирачките шиитски милиции, а руските воздухопловни сили ќе обезбедат поддршка од воздух.

“Авангардата на иранските копнените сили почна да пристигнува во Сирија – војници и офицери, (дојдени) најмногу за да учествуваат во оваа битка. Тоа не се инструктори. Станува збор за стотици луѓе со опрема и оружје “, тврди еден од изворите.

Досега, директната поддршка за режимот од страна на Иран се ограничуваше само до воени инструктори.