Ирански медиуми: Нападната американска воена база во Сирија

од Vladimir Zorba
65 прегледи

Американска воена база во Сирија денес беше цел на минофрлачки напад, објавија иранските медиуми.

Новинската агенција Мехр, повикувајќи се на информирани извори, соопшти дека била нападната американска воена база во западната сириска покраина Хасака.

По нападот, на главниот влез биле преземени строги безбедносни мерки, соопштија истите извори.

Средба Путин – Аракчи, размениле мислења за ситуацијата на Блискиот Исток

Рускиот претседател Владимир Путин за време на средбата со иранскиот министер за надворешни работи, Абас Аракчи, во Москва изјави дека посетата на иранскиот дипломат ќе овозможи дискусија и размислување за тоа како да се реши моменталната ситуација на Блискиот Исток.

„Драго ми е што денес сте во Москва. Ова ќе ни даде можност да разговараме за сите итни прашања и заедно да размислиме како можеме да излеземе од денешната ситуација“, рече Путин за време на средбата со Аракчи, пренесе РИА Новости.

Путин ги пренесе своите најдобри желби до иранското раководство за време на средбата со иранскиот министер и нагласи дека ставот на Русија за ескалацијата на ситуацијата околу Иран и Израел е добро познат.

Слични содржини