АБАБС ТАБРИЗИЈАН е името на свештеник од Иран кој им рече на своите приврзаници дека вакцината против коронавирус „ги претвора луѓето во хомосексуалци“, што се казнува со смрт во Иран.
„Држете се подалеку од вакцинираните. Тие станаа хомосексуалци“, напиша Табризијан на една социјална платформа.
Фанатик кој шири лажни вести
59-годишниот Иранец е познат по промовирање фанатизам и лажни вести за западната медицина. Така минатата година тој го запали „медицинскиот прирачник на Харисон“ пред камери, тврдејќи дека исламската медицина ги смета ваквите книги ирелевантни.
„Како и другите свештеници во режимот, Табризијан ги поврзува сите недостатоци со сексуалноста“, изјави иранската дисидентка Шеина Војуди за „Јерусалим пост“.
„Свештениците во Иран страдаат од недостаток на знаење и хуманост. Всушност, нивната цел е да се обидат да ги исплашат луѓето од вакцинациите, додека лидерот на режимот и други официјални лица добија Фајзер и тие не им го даваат на луѓето со изговор тие не треба да му веруваат на Западот “, додала таа.
Иранците ја одобрија руската вакцина
Да потсетиме, врховниот лидер на Иран, Али Хамнеи на почетокот на годината забрани увоз на вакцини од САД и Велика Британија, опишувајќи ги овие западни сили како несигурни. Пред две недели Иран ја одобри руската вакцина Спутник V.