Иранскиот претседател Рохани прогласи крај на Исламска држава

од desk2
79 прегледи

Претседателот на Иран, Хасан Рохани, прогласи крај на терористичката организација Исламска држава, пренесоа медиумите.

Високиот комесар на Иранската револуционерна гарда генералмајор Касим Солејмани, во порака пратена до врховниот лидер на Иран, исто така прогласи крај на ИД.

Иранските медиуми минатата недела објавија фотографии од Солеjмани во Алба Камал во источна Сирија, во градот за кој иранскиот генералмајор изјави дека е последната територија во регионот заземена од Исламска држава.

Иранската револуционерна гарда, која важи за најмоќна воена сила во Иран, веќе неколку години учествува во борбите против терористите, пружајќи поддршка на сирискиот претседател Башар ал Асад, како и на централната ирачка влада во Багдад.

Повеќе од илјада членови на гардата, како и високи команданти, страдаа во борбите во Сирија и Ирак.