Левица продолжува со трасирање на нов пристап во политиката преку својата посветеност кон транспарентноста во своето дејствување, за што потврдува и најновото истражување во областа на политичките партии на ИРИ. Истражувањето укажува на постојаност на Левица на водечкото место во однос на индексот на транспарентност, како минатата година, така и оваа, соопштија од партијата.
„Издвојувањето како најтранспарентна партија воопшто не е случајно. Како по ова мерило, така и по парламентарната активност, се обелоденуваат новите принципи на работа кои се фокусирани на јасноста, одговорноста и отвореноста со граѓаните – во отсуство на капацитет за одговор на овие предизвици во досегашната политичка пракса кај партиите.

Истражување на ИРИ
Како индикатор за состојбата на демократијата, процесот на подигање на степенот на отвореност кој ќе се одрази на сето политичко дејствување е тежнеење кон демократизација на процесите на одлучување и политичката репрезентација.
Во широк контекст и долгорочно, целиме кон промена на севкупната политичка култура која ќе биде ослободена од спрегите на корупцијата и криминалот и тенденцијата за таинственост и заговорничка природа“, додаваат од партијата на Апасиев.