ИРИ: Силна поддршка за членство во ЕУ и зголемување на позитивните перцепции за Кина и Турција

од Nikola Popovski
178 прегледи

Новата анкета на Центарот за анкетни истражувања на Меѓународниот републикански институт (ИРИ) покажува силна поддршка од граѓаните за членство на Северна Македонија во Европската Унија (ЕУ) и покрај падот од 11 процентни поени од ноември 2021.

Седумдесет и три отсто од македонските граѓани сакаат да влезат во ЕУ, а 24 отсто се противат на тоа.

Анкетата покажа дека 87 отсто од македонските граѓани се согласуваат или донекаде се согласуваат дека силните односи со Турција најдобро и служат на интересите на земјата.

Шеесет и пет проценти истото го мислат за Кина. Овие бројки претставуваат мало зголемување од претходната анкета на ИРИ, и за Турција, и за Кина.

Анкетата е спроведена во име на Центарот за анкетни истражувања од Брима, фирма за истражување на пазарот (членка на Тејлор Нелсон Софрес и Галуп Интернешнл). Податоците се собрани од 23 септември до 13 октомври, 2022, со повеќестепен стратификуван примерок преку интервјуа лице-во-лице во домовите на испитаниците.

Слични содржини