Ирина Шајк на Канскиот филмски фестивал во најхраброто издание досега (ФОТО)

од Stefanija Kuzmanovska
437 прегледи

Познатиот супермодел со руско потекло Ирина Шајк се појави во понеделникот вечерта на Канскиот филмски фестивал, во најхраброто издание досега.

Имено, убавата бринета на црвениот тепих дојде во бикини, поточно чипкаста долна облека на Гучи, над која облече проѕирен фустан кој, се разбира, малку остави на фантазијата.

Поранешната избраничка на Кристијано Роналдо и Бредли Купер го заокружи овој необичен стајлинг со црни сандали, очила за сонце и голем дијамантски ѓердан. Косата ѝ беше пуштена.

Ексцентричното издание на „кралицата на модните писти“ предизвика лавина коментари, меѓу кои имаше бројни критики за овој „ризичен“ фустан.

Слични содржини