Во малиот руски град Јеманжелинск, Ирина Шајк, една од најубавите жени на светот, израснала во тешки услови и имала ниту малку лесно детство.
Речиси целото свое детство го посветила на одгледување компири и домати, борејќи се со сиромаштијата откако татко ѝ починал, а нејзината мајка останала сама да се грижи за семејството.
„Преживувавме со одгледување зеленчук, кој потоа го продававме. Ни беше многу тешко“, раскажала таа своевремено.
Нејзината кариера во светот на манекенството брзо зеде замав, а денес Ирина е една од најбараните и најплатените манекенки.
По петгодишна врска со фудбалската ѕвезда Кристијано Роналдо, Ирина зачекори во нова фаза од нејзиниот љубовен живот. Овој пат нејзиното срце му припаѓа на атрактивниот актер и режисер, Бредли Купер.