Ирина Шајк за најголемата траума: „Ми држеше пиштол на главата, затоа е тешко да им верувам на луѓето“

од Vladimir Zorba
424 прегледи

Ирина Шајк (35) не сака да споделува детали од нејзиниот приватен живот, но сега направи исклучок.

Манекенката го призна непријатното искуство што и се случило кога била мала и откри какви последици имало тоа врз неа.

– Кога имав шест години, нè ограбија. Ја отворив вратата и влетаа три маскирани лица, од кои едниот ми држеше пиштол на главата. Излезе дека ги испратил најдобриот пријател на татко ми. Можеби затоа немам многу пријатели, тешко ми е да им верувам на луѓето. Не сум зборувала претходно на оваа тема – признава Ирина.

Таа додаде дека за неа е многу важно нејзината ќерка Леа, која ја доби со актерот Бредли Купер, да биде свесна од каде им се парите и дека ги почитува.

– Сакам ќерка ми да знае дека нејзината мајка има работа во нејзиниот живот, затоа што сакам да израснам силна жена. Подароците и храната не доаѓаат од никаде – истакна таа за „Вог“.

Слични содржини