Проценките се дека иронијата и саркастичните коментари во однос на нашата улога во НАТО за наводното испраќање војници во Украина е дека се дел од хибридните намери и закани за да се изгуби довербата на граѓаните кон институциите. Тоа е цел на некој што не сака Македонија да има улога во НАТО, вели министерот за надворешни работи, Бујар Османи во гостувањето на емисијата „Топ тема“.
Османи потврдува дека С. Македонија има активен придонес во Алијансата.
-Пораката до македонските граѓани е да ја напуштат Украина се додека има комерцијални летови. Нема да имаме можност потоа да помогнеме. Дел од нашите државјани се со своите семејства и ние се понудивме да ги згрижиме, рече министерот, додавајќи дека македонските дипломати ќе останат во Киев и доколку е потребно за нив има организиран превоз за враќање во нашата земја.