
Лео Варадкар им се придружи на лекарите во борбата против коронавирусот, откако тој самиот студираше медицина и своевремено работеше како општ лекар.
Лео Варадкар се понуди на здравствениот систем на неговата земја да помогне во лекувањето на заразените од вирусот.
Медиумите на Островот јавуваат дека 41-годишниот Варадар ќе помага на една од здравствените установи еден ден неделно по реактивирање на лекарската лиценца. Тој понуди да помогне во областа на медицината во која претходно се образуваше, пред да ја напушти таа работа и да се посвети целосно на политиката и потоа да стане премиер.
Тој работел како практикант во болница во Даблин, потоа станал општ лекар во 2010 година, а потоа целосно „впловил“ во политички води.
Инаку, неговиот татко Ашок, индиски имигрант, исто така бил лекар, а неговата мајка Миријам медицинска сестра.
Неговиот партнер Метју Барет е кардиолог.