Исчезна директорот на Интерпол

од desk2
224 прегледи

Француската полиција покрена истрага откако сопругата на директорот на Интерпол Менг Хонгвеј пријави дека сопругот и исчезнал.

Ова го соопшти француската полиција.

Сопругата на Интерпол, која живее во Лион, Франција, каде е и седиштето на оваа меѓународна полициска огранизација, ја повикала полицијата, затоа што нес е слушнала со сопругот откако тој кон крајот на септември заминал за Кина, пренесе Ројтерс.

Како што пренесува агенцијата, портпаролката на Интерпол не била достапна за коментар.

На сајтот на Интерпол, стои дека Менг, пред функцијата во Интерпол, бил помошник на кинескиот министер за јавна безбедност.

Слични содржини