45
Не престанува трендот на „исчезнување“ на работници од Непал кои дошле во Македонија да работат.
Речиси секоја недела „исчезнува“ по некој работник, а последната „исчезна“ во Охрид.
На 03.09.2024 во 12.00 часот во СВР Охрид е пријавено дека 25-годишна жена од Непал го напуштила домот во кој престојувала во Охрид и не се појавила на работното место во хотел во Охрид каде претходно остварила договор за вработување.
Од СВР Охрид велат дека се преземаат мерки за пронаоѓање на Непалката.