Познатиот рапер Теофилус Лондон официјално се води како исчезнато лице.
Полицијата во Лос Анџелес известува дека семејството на Теофилус, кое само поради оваа причина отпатувало во Лос Анџелес, поднело жалба во средата.
Тие изјавија дека не знаат каде може да биде раперот, а последен пат со него контактирале во септември минатата година, кога добил награда за исклучителен уметник во филм.
„Тео, татко ти те сака синко, ни недостигаш. Сите те бараме. Каде и да си испрати некој сигнал, ќе дојдеме по тебе“, се вели во изјавата на таткото на раперот.
Теофилус Лондон има издадено три студиски албуми, а во 2016 година беше номиниран за наградата Греми во категоријата „Најдобра рап изведба“.
Раперот има соработувано и со Канје Вест и Тревис Скот.
Неговите објави на Инстаграм престанаа околу јули, кога, наводно, последен пат бил виден.