Исчезна радиоактивен цилиндар на Тајланд, загрозени најмалку половина милион луѓе

од Stefanija Kuzmanovska
164 прегледи

Од термоелектрана на Тајланд неделава исчезна метален цилиндар со опасна радиоактивна содржина, кој властите се обидуваат да го најдат што е можно поскоро.

Властите ги предупредија граѓаните дека постои сериозен здравствен ризик доколку наидат на него, јавува Си-Ен-Ен.

Откритието доаѓа само два месеца по сличен инцидент во Австралија во кој се бараше мала радиоактивна капсула која на крајот беше пронајдена на страната на патот во ретко населена област.

Но, за разлика од австралиската капсула, овој цилиндар исчезна во многу погусто населена област од речиси половина милион луѓе. Во неа се наоѓаат некои од најважните национални паркови во Тајланд, вклучувајќи го и познатиот Хао Јаи.

Цилиндерот е долг 30 сантиметри и широк 13 сантиметри, а се користел за мерење на пепел. Неговото исчезнување беше пријавено на 10 март за време на рутински проверки во термоелектрана во Прачин Бури, провинција во централен Тајланд, источно од Бангкок.

Цилиндерот бил дел од силос и содржи цезиум-137, високо радиоактивна супстанца за која научниците тврдат дека е потенцијално смртоносна.

Тимови за пребарување и беспилотни летала се распоредени за да го пронајдат исчезнатиот цилиндар, соопшти владата.

Властите користат опрема за откривање радиоактивен материјал за да го лоцираат цилиндерот.

Во потрагата се вклучени тимови за пребарување и дронови.

Слични содржини