Исчезнале седум Непалци кои работеле во Скопје

од Milan1
3,3K прегледи

Две лица пријавиле дека исчезнале седум работници од Непал, кои биле вработени кај нив.

„Вчера во 15.45 часот во СВР Скопје, Љ.Џ.(36) од Скопје, овластено лице на приватна фирма, пријавил дека две лица од Непал, кои биле вработени во фирмата, се оддалечиле од хотелот каде престојувале. Исто така вчера во 14.00 часот во СВР Скопје, М.Н.(41) од Скопје, сопственик на правен субјект од Скопје, пријавил дека пет лица од Непал, кои биле вработени кај него, се оддалечиле од подрачјето на општина Аеродром во Скопје. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицата“, информираат од МВР.

Слични содржини