Исчезната девојка од Македонија, мајка ѝ немала контакт со неа од јуни

Според пријавеното, таа подолг период била во неколку манастири во Македонија, но во јуни годинава последен пат се слушнала со неа кога била во манастир во Србија

од Nikola Popovski
73 прегледи Фото: Принтскрин/Јутјуб/Тв Сител

На 19.11.2025 во 11:55 часот во Полициската станица Пробиштип, У.В.(48) од с.Злетово, пробиштипско, пријавила дека од јуни 2025 година ја немало нејзината ќерка Г.В.(28).

Според пријавеното, таа подолг период била во неколку манастири во Македонија, но во јуни 2025 последен пат се слушнала со неа кога била во манастир во Србија.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.