Исчезнатиот Јошески од Прилеп пронајден починат

од Nikola Popovski

Александар Јошески од Прилеп по кого се трагаше неколку дена, синоќа е пронајден мртов, јавија членови на неговото семејство.

Ова преку социјалните мрежи го пренесоа неколку луѓе, но и новинарката Каролина Дурло.

„Потрагата по лицето АЛЕКСАНДАР ЈОШЕСКИ од Прилеп, кој од вчера околу 12 часот се водеше за исчезнат, ЗАВРШИЛА доцна вечерва, за жал, со најнепосакуваниот исход“, пишуваа таа во својот пост на Фејсбук.

Засега нема повеќе информации.

Имено, на социјалните мрежи масовно се споделуваше апел за пронаоѓање на Јошески, кој од вчера напладне му снемало трага.

Слични содржини