Градоначалникот Горан Герасимовски информира дека општинските служби со механизација вчера ја исчистија дивата депонија која била лоцирана позади Амбасада на Република Грција. Тој потенцира дека чистењето на дивите депонии е приоритет на Општина Центар, затоа што тие претставуваат закана за здравјето на граѓаните и животната средина.
„Во текот на вчерашниот ден ја исчистивме дивата депонија позади Амбасада на Република Грција. Со камион се подигна отпад од мебел, пластика и картони. Депониите се потенцијален извор на инфекции, загадување и опасност за жителите. Наша обврска е да реагираме брзо и ефикасно, грижата за чиста и здрава околина мора да биде заедничка одговорност на институциите и граѓаните”, изјави Герасимовски.
Ова е третата исчистена депонија во последните неколку месеци. Претходно беа отстранети дивата депонија позади трговскиот центар Буњаковец, до катната гаража и дивата депонија во близина на трговскиот центар Ист Гејл Мол којашто беше под надлежност на Градот Скопје.
Ги повикувам сите граѓани да пријавуваат диви депонии и проблеми со јавната чистота со цел навремена интервенција на општинските служби. Пријавите можат да се достават на телефонските броеви: 076/350-767 и 02/3203-693. Нашите служби веднаш ќе излезат на терен за да ја подобриме хигиената во Центар. Само со заеднички напори можеме да создадеме поубаво и почисто место за живеење“, посочи Герасимовски.