Исчистените диви депонии за две години повторно се полни со ѓубре, вели Шукова

од Vladimir Zorba
174 прегледи

„Министерството за животна средина и простроно планирање годишно извдвојува по 25-30 милиони денари за чистење на диви депонии, што не се мали средства за тоа. Сепак, состојбата по две години е речиси идентична како во моментот пред да ги исчистиме“ рече министерката за животна средина и просторно планирање, Каја Шукова во „Топ тема“ на Телма.

Таа додаде дека во Македонија има над 1000 диви депонии, кои се креираат поради неодоговниот однос на граѓаните.

„Треба повеќе да се информираат граѓаните. Во рамките на проектот за регионални депонии, паралено се подготвуваме и за јавна кампања која треба да ги дефинира сите активности што ќе ги работиме и да ги информираме граѓаните со што ќе се соочат и како да се однесуваат кон отпадот“ рече Шукова.

Слични содржини