Исени: Падна митот за „недопирливоста“ на Ахмети

ДУИ овој пат го доживеа својот најголем политички пораз од формирањето, порача Исени

од Nikola Popovski
10 прегледи

„Албанските гласачи испратија силна порака – време е за промени и дека повеќе не ја прифаќаат политиката на страв, клиентелизам и монопол врз албанскиот политички простор“, вели аналитичарот Џенур Исени за исходот од гласањето на локалните избори, особено кај партиите од албанскиот блок.

Според него, ДУИ овој пат го доживеа својот најголем политички пораз од формирањето наваму. Исени во анализа за „Локално“ истакна дека падна митот за „недопирливоста“ на лидерот на ДУИ, Али Ахмети.

„Референдумот“ кај албанскиот блок пропадна: „Темата ДУИ можеби е навистина затворена, но не од Мицкоски туку од самите гласачи Албанци кои рекоа доволно е“

 

Слични содржини