Исени: Со „Безбеден град“ ќе се гледа и дали возачот носи појас и зборува на мобилен

„Казните што ќе доаѓаат од системот Безбеден град ќе бидат и на албански јазик, а, покрај нив, ќе има и фотографии од прекршокот“, соопшти заменик-министерот за внатрешни работи

од Nikola Popovski
18 прегледи Фото: Фејсбук/Астрит Исени

„Казните што ќе доаѓаат од системот „Безбеден град“ ќе бидат и на албански јазик, а, покрај нив, ќе има и фотографии од прекршокот“. Ова го обелоденил синоќа заменик-министерот за внатрешни работи, Астрит Исени.

Исени во дебатната емисија „Клик плус“ посочил дека со системот, ќе се гледа и дали возачот носи сигурносен појас и зборува на мобилен телефон.

Заменик-министерот, меѓу другото, нагласил дека целта не е да се казнуваат граѓаните, туку, како што додаде, да се подигне свеста за невнимание.

Од денес, до 31.01 (сабота), ќе се врши тестирање, калибрација и верификација на опремата (камерите) инсталирана за надзор на сообраќајот. Тестовите ќе се вршат секој ден од 08:00 до 20:00 часот.

Камерите на „Безбеден град“ инсталирани на скопските раскрсници автоматски ги евидентираат сообраќајните прекршоци почнувајќи од 1 декември. Беше планирано казните да почнат да се применуваат од 1 јануари 2026 година, но целосното спроведување е одложено за 1 февруари 2026 година.

Целта е да се намали и преполови бројот на сообраќајни несреќи до 2030 година. Имплементацијата на проектот, кој во првата фаза, покрај во Скопје, ќе се спроведува и во Тетово и Куманово.