301
Извршниот директор на Стопанската комора на северозападна Македонија, Дрилон Исени рече дека бизнисите моментно се во незавидна состојба.
-Владините мерки го адресираат, пред се, социјалниот елемент зашто со нив главно се поддржуваат ранливите категории граѓани. Бизнисите се во незавидна состојба. Цените растат, не е секоја фирма подготвена да работи со загуба. Има реален ризик некои компании да се откажат од одредени производи. Таму каде што маржата е ептен ниска, некои фирми користат кредит за да ги подмират побарувањата кон трети лица, па дури и за плати, укажа Исени во емисијата 24 Отворено.