274
Во своето гостување во „Топ тема“, Д-р.Виктор Исјановски го посочи процесот на имунизација, односно распоредот по којшто ќе работат здравствените центри во земјава.
Во поглед на хронично болните и тоа која вакцина како ќе делува кај одредени граѓани, Исјановски смета дека Министерството за здравство и интернистите треба да создадат еден информативен блок кој ќе им помогне на граѓаните во тој поглед.
„Министерството треба да излезе со соопштение во кое ќе бидат содржани искуствата од вакцинацијата на другите земји и хроничните болни со видот на вакцините кои ќе пристигнат кај нас. На тој начин, граѓаните ќе се информираат и ќе можат да знаат“, истакна Исјановски.