Иско го менува „Бернабеу“ за „Сан Сиро“?

од Vladimir Zorba
227 прегледи

ИСКО го напушта Реал Мадрид, а италијанска „Газета“ пишува дека кариерата би можел да ја продолжи во Милано.

Хакан Чалханоглу го напушти Милан, а на „Сан Сиро“ најдоа замена за него во Мадрид. Милан, кој има одлични односи со челниците на Реал, планира да му понуди на клубот од Мадрид позајмица со можност за откуп на договорот на 29-годишниот офанзивен играч.

Иско не е во плановите на новиот тренер на Реал, Карло Анчелоти, откако тој не се покажа во претходните две сезони. Уште во јануари, тој сакаше да го напушти Реал, но остана до крајот на сезоната.

Во дресот на Реал тој одигра 336 натпревари и постигна 51 гол со 56 асистенции. Тој минатата сезона одигра 29 натпревари за Реал, но не постигна ниту еден гол и повеќето шанси ги доби од клупата.

Иско го сакаат и Арсенал и Севилја.

Слични содржини