333
Резервата Иско направи сцена на вчерашниот натпревар на Реал Мадрид против Гранада (4:1), пренесуваат медиумите во Шпанија.
Во вториот дел играчот од средниот ред беше испратен да се загрева заедно со Едуардо Камавинга и Лука Јовиќ. Сепак, тренерот Карло Анчелоти му порачал дека ќе влезе последен од тројцата. Слушајќи го ова, Иско се налутил и демонстративно престанал да се загрева и веднаш седнал назад на клупата.
Гледајќи го тоа, Анчелоти решил да не ја расипува атмосферата и затоа ги пушти сите тројца одеднаш – во 80. минута, кога веќе беше формиран резултатот.
29-годишниот играч за врска има само 176 минути за Реал оваа сезона, од кои ниту една во Лигата на шампионите.
Неговиот договор истекува на крајот на кампањата.