Борбените бродови на НАТО во Црното Море предизвикаа остри дипломатски реакции од Русија. натрупување на оружје во Црното Море! Дали е ова, или планирана вежба и што всушност претставува постојаната военоморска група на НАТО?
Постојаната военоморска група на НАТО влегува во Црното Море на 3 и 4 март за рутински вежби, планирана пред повеќе од една година. Нејзиното присуство во Црноморскиот слив сепак ја нанервира руската дипломатија, која ја утврди појавата на групата бродови како провокација. Бродовите биле разузнавани од Су 24 и следени од руските разунавачи. На денот на вежбите исто така беше откриена рутинска патрола на руските военоморски сили, но авионои не се доближиле на бродовите на НАТО.
“Ние гледаме активност таму каде минуваме во Црното Море, но сме обучени и подготвени за она што се случува. Ние целосно очекувавме и видовме руски бродови и авиони во Црното Море и тие имаат право да го прават тоа така, како и ние, кога станува збор за меѓународни води. Руските единици кои ги видовме, се држеа апсолутно професионално и не ги спречија нашите учења, ниту ние нивните “, објаснува командантот постојаната поморска група на НАТО адмирал Бред Вилијамсон.
Дали сепак појавата на шесте брода од планираните мерки на НАТО за засилување на источното крило на Алијансата,се случува откако украинската криза продолжува?
“Нема никаква врска со тензиите во Украина и анексија на Крим”, категоричен беше бугарскиот командантот Мале Чубенков од морнарицата. “Цврсто можам да констатирам дека тоа не е така, без разлика што во меѓународни води задачите ги извршуваат како Русите, така и меѓународните групи. Тие ги извршуваат своите задачи во воздух и море, заедничките групи ги извршуваат задачите така што да не си пречат меѓусебно “, додаде адмирал Чубенков.
Пред да дојде во Бугарија, групата вежбала со Турција, а потоа ќе отработи маневри со романскатаборбен флота.
Кои всушност бродови, влегле во Црното Море? Предводник – крузерот “Виксберг”, канадска фрегата “Фредректон”, романска, италијанска и турска фрегата, како и германски танкер, кој обезбедува логистика на операциите. Турската фрегата има 1000 излегувања на море, во Варна била седум пати. Бродот располага со најсовремени оружја и радари и додека тој е повеќе наменет за противвоздушна одбрана, италијанската фрегата “Ализео” е профилирана поскоро за борба со подморници.
“Кога постои опасност од подморница, треба да ја заштитиме најважната единица од групата бродови. Има маневри со кои подморницата може да биде заблуда со информации за бродот, но како целина избегнуваме да влегуваме во контакт со подморници, кога сме во меѓународни води. Се обидуваме да тренираме така, како да се бориме “, објасни командантот на фрегатата” Ализео “Марио Лаура.
“Нашата главна задача е противвоздушна одбрана и заштита од напади за воздух. Имаме и средства за борба со подморници и други бродови, но сме способни да вршиме секакви задачи “, објасни командантот на крстосувачот” Виксберг “Лајл Хол.
Крузерот е вооружен со неколку видови водени проектили. “Овие единциц се 120 и имаат три вида проектили – стандардни ракети” Томаховк “и торпеда – т.н.” Азракс “, кои се со вертикално лансирање. Ги имаме и во предниот дел на бродот. Можат да бидат истрелани многу брзо, но времето за лансирање зависи од неколку различни фактори “, посочи Дариан Дејвис од морнарицата на САД.
“Виксберг” е придвижуван од четири мотори, уште три произведуваат произведуваат струја, со што се напојуваат системите на одборот.
И ако на мостот и командниот центар се вели дека се мозокот на бродот, во инженерискиот оддел е срцето на пловилото. “Ако нешто се случи на мостот, можеме оттука да го преземеме управувањето. Оттука се управуваат моторите, сирените, а со овој менувачот можеме да ја менуваме насоката на движење. Всушност она што го гледаат на мостот, е само дел од она што ние тука го гледаме “, раскажа офицер Вагнор од морнарицата на САД.
По излегувањето од заливот бродовите започнуваат да се организира во различни формации. Се вежбаат формации при различни видови на закани,се тестираат комуникациите.
И крстосувачот, и фрегатите имаат хеликоптери на одборот, наменети за потрага и спасување, медицинска евакуација и логистика. “Сии Хок” на одборот на Виксберг е специјализиран за откривање на подморници. “Тоа се прави со сонарни пловки. Со нив се испраќа контакт до површината на водата за да се процени што чека бродот под неа “, објасни Расти Паркер од морнарицата на САД.
