Во вторникот навечер, околу 22:38 часот, е искршена безбедносната камера на фризерница лоцирана десетина метри од зградата каде што живееше Вања Ѓорѓиовска. Случајот го пријавила сопственичката на фризерницата, која следниот ден забележала дека уредот е оштетен, пренесува Либертас.
Снимките од таа камера се сметаат за клучни во истрагата, бидејќи таму биле забележани возилата „Ситроен“ и „Рено Канго“, со кои според обвинението била киднапирана и убиена Вања. Првообвинет за убиствата е Љупчо Палевски – Палчо, кој ги негира обвинувањата и тврди дека се работи за политички прогон. Обвинети се и тројца поранешни членови на неговата партија, кои тврдат дека Палевски лично ги извршил убиствата и наредил телата да се закопаат во однапред ископани дупки кај село Бразда. Истрагата продолжува.