Искршени стакла и дупнати гуми на македонски возила во Грција

од Берта Китинска
231 прегледи

Голем број на автомобили со македонски регистарски таблички се искршени на грчките туристички места, Калитеа и Афитос.

Според сликите објавени на социјалните мрежи, искршени се стаклата од возилата и има дупнати гуми.

-Ова е срамен чин на најобични будали врз основа на кој цел народ ќе биде окарактеризиран како таков. Ако некој од вас е меѓу нив, веднаш отидете во полиција во Касандра, многумина веќе пријавиле и инсистирајте да се погледнат камерите долж целиот пат бидејќи тоа не се случило на едно место, туку на неколку локации, стои во објавата на Фејсбук-групата „Grcka uzivo“, каде многу туристи од Македонија и Србија објавуваат за новости, поплаки и известувања околу патувањата во Грција.

Администраторот препорачува сите вакви инциденти да се пријават во полициската станица во Касандрија и да се бараат снимки пд камера за да бидат откриени насилниците и вандалите.