Искуство со „АстраЗенека“ во Германија: Др.Трајковски објаснува како се појавува тромбозата по вакцинацијата

од Берта Китинска
963 прегледи

Доктор Горан Трајковски кој е специјализант по интерна медицина во Баварија/Германија, вработен на интензивна нега, ургентен центар, оддел за кардиологија, гастроентерологија, но работи со болести од целата интерна медицина, на својот Фејсбук профил објави статистика во која е опишана состојбата на случаите на тромбоза во Германија, по примањето на вакцината „АстраЗенека“.

„Важи за Германија. Досега 2,7 милиони Германци се вакцинирани со најмалку една доза.По вакцинирањето со AstraZeneca, документирани се 31. случај на тромбоза на венски синус.Во 19 случаи, ко-тромбоцитопенија (дефицит на тромбоцити) коегзистира со механизам сличен на HIT-II (тромбоцитопенија предизвикана од хепарин).

26 беа жени (вораст 20-63), 2 Мажи (36. и 57. години)
2/3 од вакцинираните жени (работат во болници)
Значи, шансите за тромбоза се:
Жени 1: 61.400 вакцинирани
Мажи 1: 432.000 вакцинирани

Се смета дека тромбозата се јавува како резултат на автоимуна реакција предизвикана од антитела генерирани по вакцинацијата. Овие антитела ги препознаваат своите тромбоцити како непријатели и ги напаѓаат. Како резултат, се формираат грутки (тромби) и поради тоа што многу тромбоцити во крвната слика се намалени кај дел од луѓето.

Синусната вена е простор помеѓу мозочните обвивки и нема вентили (дифтунзи) како обичните вени.
Симптоми на тромбоза се: Главоболки (главно помеѓу очите), проблеми со видот. Со тек на времето, главоболките стануваат посилни и можат да се прошират на вратот поради менингеална реакција.

Иако ризикот од КОВИД можеби е поголем од вакцината, сепак, бидејќи постојат и други опции на пазарот, СТИКО (германска комисија за вакцини) препорачува AstraZeneca на возраст од 60 години па нагоре.За оние, кои веќе ја добиле првата вакцина ќе има дополнително решение до крајот на април.

(Дотогаш, ќе се види колку тромбози ќе се појават вкупно, главно се јавуваат од 4. до 16 дена по вакцинирањето. Општите реакции на вакцината обично се јавуваат по два дена (треска, главоболка, темшпература, болка на местото на инјектирање).

Венска тромбоза се третира класично со антикоагулантна терапија, нема официјална препорака за употреба на аспирин во тромбоза на венски синус“, напиша доктор Горан Трајковски на својот профил на Фејсбук.

Слични содржини