Исламофобијата во САД во подем: Најголем број инциденти во последните 30 години

Бројот на тужби во 2023 година изнесуваl 8.061, што е за 56 отсто повеќе од претходната година, а најголем број откако CAIR почна да води евиденција пред речиси 30 години.

од Бети Божиноска
314 прегледи

Исламофобијата во Америка е во подем, а дискриминацијата и насилството врз муслиманите, особено врз Палестинците, достигнаа рекордно ниво минатата година поттикнати од конфликтот меѓу Израел и Хамас, покажуваат податоците на Советот за американско-исламски односи (CAIR), пренесува „Гласот на Америка“.

„Примарната причина за овој бран засилена исламофобија беше ескалацијата на насилството во Израел и Палестина во октомври 2023 година“, се наведува во извештајот.

Бројот на тужби во 2023 година изнесуваl 8.061, што е за 56 отсто повеќе од претходната година, а најголем број откако CAIR почна да води евиденција пред речиси 30 години.

Од CAIR наведуваат дека 3.600 од овие инциденти се случиле помеѓу почетокот на израелската офанзива врз Газа во октомври и крајот на 2023 година, вклучувајќи го и убиството на шестгодишниот палестински Американец Вадеа Ал-Фајума во Илиноис, пукањето на тројца палестински студенти во Вермон. во ноември и прободувањето со нож на Палестинец во Тексас во февруари.

„Најбројните претставки во 2023 година беа во категориите имиграција и азил, дискриминација при вработување, злосторства од омраза и дискриминација во образованието“, соопшти CAIR.

Во извештајот на CAIR се наведува дека во првите девет месеци од 2023 година, антипалестинските и исламофобични инциденти во просек изнесувале околу 500 месечно, пред бројот на инциденти да скокне на речиси 1.200 месечно во последните месеци од минатата година.

CAIR додаде дека статистиката била собрана со прегледување јавни изјави и снимки, како и извештаи, електронска пошта и онлајн систем за жалби.

Активистите за човекови права, исто така, пријавија пораст на исламофобијата и антисемитизмот на глобално ниво по нападот на Хамас на 7 октомври врз Израел и последователната израелска агресија врз Појасот Газа, во која оттогаш загинаа повеќе од 32.000 Палестинци.

 

 

Слични содржини