Седум борци од “Исламска држава” беа казнети со бавна смрт поради напуштање од бојното поле кај Фалуџа, соопшти телевизијата “Фокс”, повикувајќи се на очевидци, цитира МИА.
Рацете и нозете на седумтемина биле врзани, а потоа виновниците биле фрлени во казан со врела вода. Телевизијата додава дека команданти од “Исламска држава” застрелале 19 свои потчинети, кои избегале од борбите во центарот на градот. Ирачката команда соопшти кон крајот на јуни, дека градот Фалуџа е ослободен откако и последните единици на ИД отстапиле. Во Фалуџа се откриени мали железни кафези во кои џихадистите ги држеле заробениците.Целосното ослободување на Фалуџа го објави на 26 јуни командантот операцијата Абдел Уахаб ас-Саади.
Градот, кој е западно од Багдад, беше освоен од ИД од почетокот на 2014 година. Експертите на ОН информираат дека локалните жители можат да се вратат дури во август, на степенот на разурнувањата е огромен, а поставените на некои места експлозиви го прават градот опасен за цивилите.
