“Исламска држава” ја искористи сиромаштијата во Косово

од Vladimir Zorba
125 прегледи

Додека “Исламска држава” се обидува да воспостави нов калифат во Сирија и Ирак , терористичката организација открила голем извор за прибирање на екстремисти во сиромашно Косово, истакнува EurActiv.

Kosovo Serbs gather near a road barricade in the village of Zupce, Kosovo.

Стотици косовски Албанци се приклучија кон терористичките групи во Сирија и Ирак, иако како во голем број европски земји властите во Приштина донесоа  закони за криминализација за  учеството во странски конфликти.

Претставниците на исламската заедница во Косово веруваат дека главните причини за патувањето на Косовци до Сирија и Ирак се поврзани со финансиска добивка и недостаток на свест за војната.

Професор по исламски студии вели  дека постојат различни фактори кои  ги туркаат младите Косовци да паднат  во организации како “Исламска држава”. Според него оние кои одат не можат јасно да ги сфатат задачите и мотивите и имаат ништожни знаења за глобалната геополитика и геостратешки интереси во овој дел на светот.

Вистинската исламска религија лежи на реални и здрави принципи, коментира тој.

Генералниот секретар на Исламската заедница во Косово Ресуљ Реџепи верува дека се влијае врз младите луѓе да отидат во Сирија. Тој истакна дека коалицијата предводена ово регионот за таква  војна не е ништо свето.

Можно е да им се плаќа. Колку, не знам, но човек нема да оди за 10 или 20 евра, истакна тој, додавајќи дека никој не треба да си ја продава душата и телото за пари.

Според него сепак оваа година  помалку луѓе од Косово се приклучиле  на “Исламска држава” во споредба со минатата година.

Министерството за внатрешни работи на Косово соопшти дека 300 лица од земјата се вклучиле во војната во Сирија и Ирак. Минатата година се уапсени десетици, кои подоцна биле  ослободени.

Минатиот месец парламентот на земјата протурка закон.Според него учеството на Косовци во странски конфликти се казнува помеѓу 5 и 15 години затвор.