Исламската држава ја презеде одговорноста за експлозијата во Кабул во која има жртви

од Stefanija Kuzmanovska

Терористичката група Исламска држава ја презеде одговорноста за нападот во кој денеска загинаа 12 лица во главниот град на Авганистан, Кабул, објави ИД на својот канал на Телеграм.

Експлозијата на бомбата се случила во западниот дел на градот, каде живее малцинската шиитска заедница, изјавија очевидци, пренесе „Ројтерс“.

Во вчерашната експлозија во Кабул, за која одговорност презеде и Исламската држава, најмалку 12 лица загинаа, а 22 се повредени.

Слични содржини