Исламската држава презеде одговорност за убиство на новинарка во Авганистан

од Stefanija Kuzmanovska

Исламската држава во четвртокот презеде одговорност за убиство на ТВ-новинарка и активистка за правата на жените во Авганистан. Нападот го потенцираше растечкиот тренд на насилство врз новинарите во земјата.

Малалаи Мајванд, новинарка на радиото и телевизијата Еникас во источната провинција Нангархар, беше убиена во главниот град на провинцијата Јалалабад, заедно со нејзиниот возач, а вкупниот број на убиени новинари и медиумски работници во Авганистан се искачи на десет.

„Таа беше на пат кон канцеларијата кога се случи инцидентот“, рече Атаулах Хогјани, портпарол на гувернерот на провинцијата.

Нангархар е жариште на воени активности, претежно на Исламска држава, која ја презеде одговорноста за убиството преку својот канал за комуникација на Телеграм, нарекувајќи ја „прорежимска“ новинарка.

Мејванд не е првата жена во своето семејство што била мета на напад. Пред пет години нејзината мајка, исто така активистка, беше застрелана од непознат напаѓач. Телевизиската компанија Еникас веќе беше цел на напад, додека сопственикот Енгинер Залмај во 2018 година беше киднапиран за кауција.

Слични содржини