Амбициите на исламистите за Африка и Бангладеш кореспондираат со предвидувањата за битка против Рим
Древно пророштво според кое по победничката битката во Даби, Северна Сирија (моментално под контрола на терористичката група “Исламска држава”) ќе го освојат и Константинопол (денешен Истанбул), е на пат да се обистини. Тоа го сметаат научниците од Универзитетот во Мелбурн.Според д-р Денис Драгович амбициите на екстремистите за проширување во цела Африка и до Бангладеш во наредните 5 години кореспондираат со пророштвото за историска битка против “Рим . Експертите посочуваат дека целта на терористите е најверојатно да предизвикаат хаос и нестабилност, како стана по двојниот бомбашки напад во Анкара. Властите ја обвинија групата, а лутите граѓани се свртија против претседателот Реџеп Таип Ердоган. Научниците сметаат дека ИД гледа воТурција легитимна цел, вовлечена неслучајно во исламски конфликт.