Исланѓаните треба да се во согласност со државните институции при изборот на имиња за своите деца.
Во земјата има листа со имиња, од кои може да се избира и кои се овластени од регистрите за граѓанска состојба, пишува францускиот весник “Фигаро”.
Тоа е т.н. Комисија за имињата / “Mannanafnanefnd” на исландски /. Таа почитува дали имињата се во согласност со традицијата и исландскиот јазик. Интересна карактеристика на јазикот е дека фамилијата се формира кога кон името на таткото се додава суфиксот според полот на детето – sson за момчиња и dottir за девојки.
На пример ако еден маж се вика Сигурдур, презимето на неговиот син ќе биде Сигурдсон / син на Сигурдур /, а на неговата ќерка – Сигурдурдотир / ќерката на Сигурдур /.
Сепак оваа листа се ажурира и збогатува со имиња, така што на 21 септември комисијата објави 11 нови имиња, меѓу кои женските Луна, Хофдис, Ејлиф и машките Киран и Ејар.
Дозволено беше да се крштеваат девојки со името Анџелина доколку акцентот е на буквата “и” според барањата на исландската граматика.
Сепак има надеж оваа комисија да отпадне како архаизам, за каков го сметаат исландските младинци. Нова околност се и бројните имигранти кои сакаат нивните деца да носат имиња, во согласност со нивното потекло. Дали листата со имиња ќе остане ќе се реши по парламентарните избори на 29 октомври.