Исмаил до Бендевска: Чистиот воздух е човеково право, вие сте „побегуља“ од социјалдемократска партија во десница

од Nikola Popovski
79 прегледи

Пратеникот на Левица, Реџеп Исмаил вчера говореше на Комисијата за деловнички и мандатно-имунитетни прашања, по однос на, како што обвини, обидот ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ да ја саботираат Надзорната расправа за загадувањето на воздухот.

„Оваа расправа ја почнавте по барање на пратеник којшто не побарал да се свика оваа комисија. Вие апсолутно не знаете зошто ја свикавте. Вие сакате само да ја саботирате закажаната Надзорна расправа за загаденоста на воздухот на Постојаната анкетна комисија.

Ние не можеме поганите дела поинаку да ги ословиме освен со погани соодветни зборови. Како поинаку очекувате да ја констатираме фактичката состојба на делата на криминалците? Или треба да ги претставиме како ‘Том и Џери’ за да не ги навредиме. За да не ве навредат треба да престанете да ги правите тие дела. Во крајна линија, за делата одговараме! Делата се тие коишто ја креираат оваа состојба“, истакна пратеникот.

Исмаил директно се обрати и до неговата колешка од ЗНАМ, Весна Бендевска.

-Зошто спорите дека оваа тема е несоодветна за оваа комисија? Затоа што сте транзициска профитерка, ‘побегуља’ од социјал-демократска партија во десница! Тоа е доказ дека немата поим од идеолошка нит на работите. Колешке Бендевска, чистиот воздух е иманентно човеково право!

Јас со 20 други пратеници сум побарал да има Анкетна комисија и од таму тој е должен да ја свика. Тој ако ви удоволи вас, тогаш мене ќе ми прекрши право, ме разбирате? Додавате дека имало други министерства, други институции задолжени за аеро-загадувањето. Па вие слободно можете да разговарате на таа Комисија за животна средина што направил вашиот Изет Меџити. Слободно, тоа не ве ограничува, да нема тука јавна расправа за чистиот воздух како иманентно човеково право, рече пратеникот меѓу другото.

Претходно ВМРО-ДПМНЕ објави дека ја прифаќа иницијативата на опозициските партии СДСМ и Левица за свикување надзорна расправа во рамки на Собранието, на која би се разговарало за мерките и активностите што би се спровеле во насока на подобрување на состојбата со загадувањето на воздухот.

Секоја година во Македонија се бележат околу 3.828 смртни случаи предизвикани од изложеност на честичките ПМ 2.5, кои се меѓу најштетните за здравјето. Особено загрижувачки е дека еден од девет смртни случаи кај деца до една година во земјата е поврзан со загадениот воздух.

Слични содржини