Исмаил: Груевски беше сервисиран од многу страни и да изведе такво бегство не беше комплицирана операција

од Nikola Popovski
320 прегледи

Поранешниот министер и активист Ѓунер Исмаил смета дека „ќе дојде ден кога ќе се надмине срамот, кој што ни го приредија чудни луѓе советувани од чудни страни, од кои што некои не се тука“, мислејќи на поранешниот премиер Никола Груевски.

-Не избега под чудни околности. Тој човек очигледно беше добро сервисиран од разни структури. Не би се осмелил да кажам дека било дело на компромис, но ако еден ден се дознае дека имало и таков компромис, нема да бидам изненаден. Сега сепак не би бил сигурен дека е така. Змам дека беше сервисиран од многу страни и да изведе такво бегство од Скопје до Будимпешта не беше таква комплицирана операција, порача Исмаил во гостувањето на емисијата „Само интервју“.

Слични содржини