„35-те рамковни вработени кога почнале да работат биле почетници во пазарниот инспекторат. Инспекторатот мора да има, а ако нема мора да постави план на нивно вклопување. Тој не доби зрели инспектори кои може да излезат на терен, претпоставувам дека голем важен државен орган мора да има план како некој нов треба да се вклопи во работното место. За една операција за разрешување на еден да го наречеме политички апсурд треба да се има добра волја со соодветно ангажирање на луѓето кои седеле и примале плата“, вели поранешниот министер во владата на СДСМ Ѓунер Исмаил во Утрински Брифинг.
Тој вели дека владата пред да донесе одлука мора да ги погледне плусевите и минусите.
-Државниот инспекторат во годината зад нас беше оптеретен дополнително и претпоставувам дека работата ја вршел добро за мене разбирлива е досегашната лојалност на сите вработени и во таа смисла на начинот на кои тие реагираат е за разбирање, но во поширокиот контекст владата треба да ги види плусевите и минусите тоа е прашање на кое нема да се осмелам да градам претпоставки, вели Исмаил