Исмаил: Македонија ја живее хистеријата дека победникот на изборите одамна е познат

Според Исмаил, веројатно бројот на гласови на контото на ВМРО-ДПМНЕ ќе биде поголем

од Nikola Popovski
0 прегледи Фото: Принтскрин

Македонија ја живее хистеријата на тоа дека победникот одамна е познат, вели аналитичарот Ѓунер Исмаил за претстојните локални избори. Според него, веројатно бројот на гласови на контото на ВМРО-ДПМНЕ ќе биде поголем.

-Ќе биде многу интересно во сферата на советите на локалните заедници каде што се појавија различни интереси односно граѓани со посебни сфаќања и разбирања за тоа кои се нивните потреби и како да ги артикулираат, а не ги гледаат тие артикулации во понудата на регуларните партии. Ние треба да почекаме во понеделник и да ги видиме резултатите на советите и за градоначалниците и според тоа да изведуваме заклучоци каде и како се движи политичката сцена на Македонија односно како размислуваат граѓаните, потенцира, меѓу другото, Исмаил во разговор за „Локално“.

Обична средба со граѓани или „позадинска соработка“: „Бранкојавление“ од Охрид ја бранува политичката сцена пред изборите