Аналитичарот Ѓунер Исмаил смета дека собирот во МАНУ би се свел на кафеански муабет доколку не беа толку високи личностите и да не стануваше збор за Академија на науките.Во врска со можното враќање на некој бивш политичар на политичката сцена, Исмаил вели дека тоа зависи кој политичар, зависи на кое ниво и зависи за што.
-Ова што се случи вчера на собирот во МАНУ е крајна непристојност, што вели народот, немање усул. Секој може да има фантазии но тие фантазии бргу се гаснат. Вчера излезе резултат од анкета на Институтот Конрад Аденауер во која граѓаните ги препознале како најзначајни личности Борис Трајковски, Киро Глигоров и Никола Кљусев. Ќе видите дека памтите кој што од нив има направено, потсетува Исмаил.
Тој оценува дека експретседателот Ѓорге Иванов не е толку небитен бидејќи како што рече, тој „потпишуваше што ќе му дадеа“.
-Како што рече Прибе, тој беше претседател на заробената држава, потсети Исмаил .
Собирот по повод 30 годишнината од независноста на РС Македонија што вчера се одржа во МАНУ, Исмаил оцени дека би се свел на кафеански муабет доколку не беа толку високи личностите и да не стануваше збор за Академија на науките.